Песков: Денес нема ни кревка основа за разговори со режимот во Киев

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Во моментов нема ни кревка основа за разговори со режимот во Киев, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Денес нема предуслови за договори. Згора на тоа, денес нема основи, дури и кревки, за градење каков било дијалог. Ние гледаме, прво: режимот (во Киев) не го сака тоа, второ, тој е неподготвен и трето, раководството не им дозволува да водат преговори. Тоа можеме да го кажеме без никакво сомневање“, рече Песков во интервју за емисијата „Москва. Кремљ. Путин“, чиј извадок го објави новинарот Павел Зарубин на својот канал на Телеграм, пренесува ТАСС.

Според Димитриј Песков, „затоа сега нема предуслови за преговори“.

Слични содржини