Песков: Москва има посебен однос со Белград кој има намера да го развие

од Vladimir Zorba
346 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија го разбира опкружувањето во кое се наоѓа Србија и притисоците со кои се соочува, додавајќи дека Москва има посебен однос со Белград кој има намера да го развие.

„Ја разбираме средината во која се наоѓа Србија. Најдобар начин за градење односи е дијалогот. За Србите е многу тешко бидејќи се под постојан притисок. Имаме посебни односи со Србија и посебно партнерство“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање, за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Белград има намера да ја развива соработката со НАТО, но со зачувување на воената неутралност, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Русија „високо ги цени“ односите што ги има со Србија и планира дополнително да ги развива.

Слични содржини