Песков: НАТО е директно вклучен во руско-украинскиот конфликт

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили користат оружје и муниција на НАТО, што сведочи за вмешаноста на алијансата во руско-украинскиот конфликт, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

„Тоа го докажува куршумот на Алијансата, кој беше изваден од телото на момчето Фјодор, кое беше повредено во неодамнешниот терористички напад во областа Брјанск“, рече портпаролот на Кремљ.

„Клучно е од чија рака е испукан куршумот. Ова не е ништо друго туку терористички напад“, нагласи Песков.

Во петокот рускиот претседател Владимир Путин одржа затворен состанок во регионот Брјанск, на кој, според Песков, се разговарало за обезбедување на безбедноста на стратешките објекти, инфраструктурата и ситуацијата во Брјанск.

„Ќе бидат преземени одредени чекори за да се спречат слични акции во иднина“, рече портпаролот на Кремљ.

Слични содржини