Песков: Не е точно дека Трамп и Путин разговарале по телефон седум пати

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги негираше наводите дека републиканскиот претседателски кандидат на изборите во САД и поранешен претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин седум пати по заминувањето од функцијата.

„Не, тоа не е точно“, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

За наводните телефонски разговори меѓу поранешниот американски претседател и рускиот лидер се зборува во книгата на американскиот новинар Боб Вудворд (81) со наслов „Војна“, која ќе биде објавена следната недела.

Слични содржини