Песков негира вмешаност на Русија во проблемите на авионот на Фон дер Лејен

Фајненшл тајмс (ФT) претходно денес објави дека наводен руски напад ги оневозможил услугите за GPS навигација на бугарскиот аеродром со нивно блокирање.

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес негираше дека Русија е вмешана во техничкиот дефект што се случил за време на слетувањето на авионот во кој се наоѓала претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен.

„Вашите информации се неточни“, им рече Песков на новинарите, објави Газета.ру.

Фајненшл тајмс (ФT) претходно денес објави дека наводен руски напад ги оневозможил услугите за GPS навигација на бугарскиот аеродром со нивно блокирање.