Одлуката на Бугарија да не дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да лета над нејзина територија доколку во него се наоѓа портпаролката на тоа министерство, Марија Захарова, е „апсурдна и глупава“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Авионот со руската делегација пристигна во Скопје летајќи преку Грција, иако првично беше планирано да ја прелета Бугарија.
„Ставот на бугарските власти тешко може да се објасни. Тоа секако отиде предалеку, тоа е апсолутно апсурдно, па дури може да се опише и како глупаво“, рече Песков и ги повика бугарските власти „барем уште еднаш да останат присебни при носењето на одлуки“.