Песков: Плаќањето гас во рубљи функционира одлично

од Nikola Popovski
281 прегледи

Земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснован на рубљата веќе се прекинати со снабдување, но не се планирани нови исклучувања, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во соодветниот указ на претседателот на Русија. Овој систем функционира одлично“, изјави тој, пренесува ТАС С.

По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас на 1 април годинава.

Од тој датум, земјите кои сакаат да купат руски гас мора да се усогласат со новата шема за плаќање, која вклучува отворање две сметки, едната за плаќања во странска валута, а другата за претворање на тие средства во рубљи.

Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходни договори, соопшти ТАС С.

Поради одбивањето да го плати гасот во рубли, Газпром досега ги откажа испораките за Бугарија, Полска и Финска, како и данските Орстед и Шел Енерџи за снабдување со гас за Германија и данската компанија ГасТера, наведува Ројтерс.

Слични содржини