Песков: Путин не е вакциниран против коронавирус

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин не е вакциниран против вирусот „Kовид 19“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој го рече ова одговарајќи на прашањето на новинарите дали Путин бил вакциниран, пренесува ТАСС.

„Не. Вакцината сè уште не е одобрена. Не би било добро шефот на државата да се вакцинира со неодобрена вакцина“, рече Песков.

Според Песков, една од вакцините ја примил директорот на Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), Кирил Дмитријев и додаде дека не знаел дека некој од администрацијата на Путин волонтирал при тестирањето на вакцината.

Тој додаде дека ниту тој не го сторил тоа, бидејќи се опоравувал од болеста.

„Кога ќе пристигне вакцината, најпрво ќе им биде достапна на оние на кои им е најпотребна, а тоа се луѓето од ризичните групи“, рече Песков и додаде дека резултатите на руските истражувачи кои работат на вакцината се ветувачки, но дека нивната работа сè уште не е завршена.