Песков: Размената на Виктор Бут за Грајнер не е пресвртница во односите меѓу Русија и САД

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека размената на дилерот на оружје Виктор Бут за кошаркарката Бритни Грајнер не претставува пресвртница за ставање крај на кризата во односите меѓу Русија и САД и оцени дека односите се уште се во „жална состојба“.

„Разговорите беа само за размена и веројатно не е потребно да се извлекуваат шпекулативни заклучоци дека тоа може да биде чекор кон решавање на актуелната криза во нашите билатерални односи. Нашите билатерални односи остануваат во истата жална состојба“, рече Песков во барањето за коментар на дневниот весник „Известија“, пренесува ТАСС.

САД и Русија вчера на аеродромот во Абу Даби ја разменија кошаркарката Бритни Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот дилер на оружје Виктор Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Слични содржини