Песков: Решен е проблемот со дупката во вселенско летало на Меѓународната вселенска станица

од desk2
78 прегледи

Ситуацијата со помал пад на притисокот на Меѓународната вселенска станица е под контрола, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова прашање е за шефот на ‘Роскосмос’, Дмитриј Рогозин. Сепак, таму сè е под контрола“, одговори Песков на новинарско прашање.

Панелот за специјални истражувања, формиран од „Роскосмос“ под раководство на првиот заменик, Николај Севастјанов, сé уште не знае што предизвикало оштетување на „Сојуз“, рекол неименуван извор од вселенската индустрија за агенцијата „Тасс“.

Се наведува дека „Роскосмос“ соопштил дека Рогозин во текот на руската истрага го информирал Брајденстин за дупка што била забележана минатиот месец, додека вселенското летало „Сојуз“ слетувало на Меѓународната вселенска станица. Екипажот составен од тројца Американци, двајца Руси и еден германски космонаут брзо ја лоцирал и затворил дупката.

Во соопштението, „Роскосмос“ наведува дека Рогозин и Брајденстин се согласиле да се воздржат од какви било претходни изјави на оваа тема до крајот на официјалната истрага.