Соединетите Американски Држави покажуваат политичка одлучност да го прошират своето учество во конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„САД продолжуваат со непријателството кон нашата земја и нè гледаат како противник, покажувајќи ја својата одлучност да продолжат да го прошируваат своето учество во конфликтот меѓу Русија и Украина. Секој пат САД одбиваат да покажат каква било волја да ја признаат легитимната загриженост на Русија“, посочи Песков и додаде дека тоа поттикнува натамошна ескалација на конфликтот.
Американскиот претседател Џо Бајден, во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторникот, рече дека руската специјална воена операција во Украина „била тест за векови“ за САД и светот и дека политичките сили во земјата остануваат обединети во поддршката на Киев.