За време на минатонеделната посета на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер не изразил желба да биде посредник во решавањето на ситуацијата во Украина или ситуацијата со гасот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Шредер не изрази желба да стане посредник – рече тој на брифинг за медиумите како одговор на новинарско прашање, пренесува ТАСС.
Во исто време, „Ројтерс“ пренесува дека Песков објавил дека Путин го известил Шредер дека гасоводот Северен тек 2 е подготвен да се користи за снабдување со гас на Европа.
Според портпаролот на Кремљ, Путин му рекол и на Шредер дека испораките на руски гас паднале на околу 30 милиони кубни метри дневно од 167 милиони кубни метри откако Полска воведе ембарго на гасоводот Јамал-Европа, а Украина го запре протокот на гас преку мерната станица Сорановка, една од транзитните рути во таа земја.