Песков: Ситуацијата во Сирија не може да се стабилизира преку ноќ

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Можно е да постојат некои нерегуларности во примената на руско-турскиот меморандум за Сирија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека ситуацијата не може да се стабилизира преку ноќ.

-Секако дека во првите фази не можеме да исклучиме одредени нерегуларности, ситуацијата е многу тешка и не може да се стабилизира преку ноќ. Ние, сепак, работиме детално и тешко, рече Песков.

Тој наведе дека Русија во моментов распоредува сили и опрема, како и припадници на сириските погранични сили и нивната опрема во одредени подрачја.

Тоа е позитивен фактор и покажува дека спроведуваме конкретни акции во согласност со меморандумот, рече Песков, пренесен од Тасс.

Портпаролот на Кремљ наведе дека руските сили воспоставиле контакти со претставници на Курдите, за да се обезбеди процесот на нивно повлекување.

-Доколку курдските единици и опрема не се повлечат од идната безбедносна зона, пограничната стража и нашата воена полиција нема да застанува меѓу нив и турските сили во таа зона. Тогаш, за жал, курдските единици  ќе бидат оставени сами со турската војска, истакна Песков.

Слични содржини