Песков: Специјалната воена операција започна против Украина, а сега наликува на војна против Западот

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Специјалната воена операција првично беше насочена против Украина, но со текот на времето почна да наликува на војна против Западот, поради што може да трае подолго од планираното, изјавил за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Покрената е специјална воена операција против Украина. Со текот на времето, таа доби форма на војна против колективниот Запад. Војна во која земјите од колективниот Запад, предводени од Соединетите Американски Држави, директно се вклучени во овој конфликт. Да, ова може да направи операцијата да трае малку подолго, но не може да го промени текот на настаните. Специјалната воена операција ќе продолжи се додека не се исполнат сите поставени задачи“, вели Песков.

Тој накратко ја коментираше и ситуацијата на Блискиот Исток и посочи дека Москва ги продолжува контактите со двете страни – со Израел и Палестина, со цел да бидат ослободени што е можно повеќе заробени руски граѓани.

„Многу Палестинци се собраа во Рафа и нападот врз Рафа може да доведе до повеќекратно зголемување на жртвите. Ова е прашање од особена грижа за нас. Многу внимателно ги следиме вестите кои доаѓаат од таму“, истакна Песков.

Слични содржини