Песков: Трагата на истрагата за саботажа на Северен тек води кон Украина

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Трагата на истрагата за саботажата на гасоводите „Северен тек“ води до Украина и се почесто се појавува во различни извештаи, истраги и публикации во медиумите, изјави денеска портпаролот на руското претседателство Дмитриј Песков.

Во саботата „Вашингтон пост“ го именуваше 48-годишниот украински полковник Червински за „координатор“ на нападот на гасоводите „Северен тек“, пренесува РИА Новости.

Повикувајќи се на свои извори, американскиот дневен весник наведува дека полковникот Червински не дејствувал сам и не учествувал во планирањето на операцијата, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил држен настрана од оваа операција, а Червински добивал наредби од други, високи украински функционери. Украинскиот полковник на крајот поднел извештај кај украинскиот врховен командант, генерал Валериј Залужни, тврди американскиот дневен весник.

„Ако режимот во Киев веќе нема контрола врз ситуацијата во сопствената земја, тогаш ова е алармантно и исто така треба да се земе предвид“, рече Песков.

Портпаролот на украинската војска изјави за „Ројтерс“ во неделата дека „нема никакви сознанија“ за тврдењата.

Некои американски и европски функционери првично тврдеа без докази дека Русија ги кренала сопствените гасоводи во воздух, но рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тие обвинувања како „идиотски“, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини