Песков: Украинскиот напад со дронови е чин на очај

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Кремљ во понеделникот соопшти дека украинската контраофанзива „не функционира како што е планирано“ и дека ресурсите на НАТО доставени до Киев биле „залудно потрошени“ за време на двомесечната операција која донесе „ограничени придобивки за Украина“, пишува „Гардијан“.

Говорејќи со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, навел дека Русија ќе преземе дополнителни мерки за одбрана од напади со украински беспилотни летала откако беспилотни летала го погодиле финансискиот кварт на Москва во неделата, пренесе „Ројтерс“.

Песков го опиша неодамнешниот напад со беспилотно летало врз Москва како „чин на очај“ од Украина по неуспесите на бојното поле.

АФП пренесува дека Песков изјавил дека на украинските сили им било „многу тешко“ на линијата на фронтот откако ја започнале контраофанзивата во јуни.

„Очигледно е дека контраофанзивата не успеа. Во чин на очај, режимот во Киев се свртува кон вакви терористички напади. Преземени се сите можни мерки за заштита на цивилната инфраструктура“, рече тој.

Слични содржини