Песков: Вучиќ не побара поддршка од Путин, да се заштитат Србите на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека треба да се заштитат сите права на косовските Срби и дека Русија е посветена на решавање на ситуацијата преку дипломатски средства.

„Ние се залагаме за апсолутно почитување на сите права на косовските Срби и за исполнување на обврските преземени од страните според сите документи релевантни за оваа ситуација.

Најважно ни е да ги обезбедиме интересите на Србите. Ги поддржуваме мирните напори на страните и решавањето на ситуацијата преку дипломатски средства“, изјави Песков на прес-конференција во Москва.

Истакнувајќи ја потребата од намалување на тензиите, тој изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ не побарал поддршка од рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата на Косово.

Слични содржини