272
Какви било заклучоци за причините за авионската несреќа во која загина основачот на приватната воена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, може да се извлечат само по целосна истрага, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Засега не е можно да се откријат деталите за тој инцидент“, изјави Песков за новинарите, пренесе ТАСС.
Тој нагласи дека „се уште нема конечни резултати или конечен извештај на истражителите“ за причините за авионската несреќа.