106
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, денеска одби да го коментира обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека тоа е внатрешен американски процес.
Песков, говорејќи пред новинарите, рече дека не мисли оти обвинението против Трамп е тема која Русија треба да ја коментира.
Тоа се внатрешни американски процеси, кои не сметаме дека е потребно да ги коментираме“, рече Песков, пренесува „Танјуг“.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет во врска со наводите дека за време на претседателската кампања во 2016 година и платил на порно актерката Сторми Даниелс за дискреција во врска со нивната наводна афера.