Песков за односите со САД: За танго се потребни двајца

од Nikola Popovski
28 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е подготвена да ги нормализира односите со Соединетите Американски Држави, но дека „за танго се потребни двајца“.

-Како што вели претседателот (Владимир Путин), Русија е отворена за нормализација (на односите), но за танго се потребни се двајца, изјавил Песков за ТАСС.

Тој истакнал Русија не ја започнала прва „трката со санкции“, туку дека таа е иницирана од Вашингтон.

Кремљ вчера објави дека предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за замрзнување на непријателствата во Украина, кои, според некои информации, тој наводно ќе ги презентира на самитот на Г-20, е априори неприфатлив за Москва, пренесува Интерфакс.

-Опцијата за замрзнување долж борбената линија е априори неприфатлива за руската страна, изјави портпаролот на рускиот претседател.

Слични содржини