Песков запрашан дали војната во Израел може да влијае на војната во Украина, еве што одговори

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е „екстремно загрижена“ за ситуацијата во Израел.

Тој додаде дека настаните таму претставуваат „голема опасност“ за поширокиот регион и дека ситуацијата лесно може да ескалира.

Песков изјави дека руската амбасада нема информации за тоа колку руски државјани во Израел најверојатно биле повредени или убиени по упадот на Хамас.

На прашањето дали настаните во Израел можат да влијаат на руските операции во Украина, Песков рече дека тоа се две сосема различни работи.

Слични содржини