Песочна бура на Канарските острови, нарушен авионскиот сообраќај (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
169 прегледи

Голема песочна бура од Сахара ги погоди шпанските Канарски острови, поради што е нарушен авионскиот сообраќај на таа популарна туристичка дестинација.

Шпанскиот оператор на аеродромот, „Аена“ вчера, пора слаба видливост, ги откажа или пренасочи сите лестови за и од Канарските острови.

Во текот на ноќта сообраќајот е нормализиран на сите аеродроми, освен во јужниот дел на тенерифе.

Ветерот беше пречка и за траектниот сообраќај, јави Би-Би-Си.

Регионалната Влада во саботата прогласи вонредна состојба, а на жителите им беше советувано да останат во домовите, да затворат прозорци и да избегнуваат патувања.

Шпанската национална метеоролошка служба соопшти дека ветер со јачина од 120 километри на час на Канарските острови може да се очекува и денеска.

 

Слични содржини