Четири комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници за време на викендот на Граничниот премин Табановце по извршената контрола од страна полициските службеници на оваа полициската станица било констатирано дека немале соодветна документација за вршење на дејноста.
– При контрола на возилата „мерцедес спринтер“, управувано од В.Т.(25) од Струмица, „мерцедес спринтер“, управувано од В.Н.(24) од Струмица, „цитроен“, управувано од С.С.(36) од Струмица и „мерцедес спринтер“, управувано од Г.Г.(32) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека за време на викендот биле извршени контроли и на автобуси кои превезувале патници при што биле откриени пет автобуси со несоодветна документација.
– При контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42) од с.Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57) од с.Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43) од Струмица и Д.В.(39) од с.Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55) од Тетово и С.А.(48) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28) од Гостивар било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација – стои во извештајот на министерството.
Како што велат од МВР од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.