Заканата од терористички напад за време на пријателскиот натпревар Германија-Холандија во вторникот била сосема реална, напиша неделното издание “Франкфуртер алгемајне цајтунг”, повикувајќи се на свои извори во разузнавањето.
Три експлозивни направи требало да грмнат на стадионот за време на натпреварот. Тие требало да се вметнат во амбуланта. Организаторот на нападите требало исто така да е на стадионот и да го снима ударот.
Четвртата бомба требало да разнесе на автобуска станица, а петта на станицата. Во последен момент, сепак француските тајни служби успеале да го откријат заговорот и веднаш ги алармирале германските колеги. Во 18,33 часот – час пред почетокот на играта, германското разузнавање го испратило тајниот документ со назнака “итно” на министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер. Тој веднаш се јавил на министерот за внатрешни работи на Долна Саксонија и рекол само три збора: “Натпреварот се укинува!”
Мета на “Исламска држава” фериботите во Ламанш
Експлозивните направи на стадионот не беа откриени, но најверојатно тие уште не биле поставени, кога полицијата успеа да го откаже настанот.
Во тајниот документ на разузнавањето се именувани сите организатори и потенцијални сторители на нападите. Повеќето од нив не се познати на германските служби. Потрагата по нив продолжува, бидејќи се претпоставува дека тие ќе ги извршат планираните напади на друго место.
