Пет земји-членки на Европската унија – Бугарија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка испратија заедничко писмо до Европската комисија (ЕК) во кое бараат воведување тарифи за украинските житни култури поради нелојална конкуренција, соопшти Министерството за земјоделство на Унгарија.
Земјоделците во петте земји „претрпеа значителна штета“ откако Европската унија ги суспендираше увозните квоти и царините за жито од Украина, се вели во писмото, пренесено од Ројтерс.
„Извозот на жито од Украина ги турка земјоделците од земјите на ЕУ од нивните традиционални извозни пазари“, велат министрите во писмото упатено до еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис и до комесарот за фарми – Јануш Војчеховски.
Министрите на пет земји истовремено бараат од Европската комисија да провери дали насоките за производство на Украина се во согласност со стандардите на ЕУ, пренесе Танјуг.