Пет девојчиња биле допирани по телото од неколку лица на плоштадот во Прилеп

од Nikola Popovski
178 прегледи

Малолетнички биле допирани по телото на плоштадот во Прилеп, стои во полицискиот билтен на МВР. Ваквиот немил настан бил регистриран синоќа.

-На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп,  37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од полицијата.

Слични содржини