Пет фази на интимност: Откријте во која е вашата љубовна врска

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Верувале или не, тагата и интимноста се рефлектираат една во друга – интензитет, замор, добивка и загуба. Иако нема типични парови, секоја врска поминува низ фази на интимност. И како и со тагата, овие фази не се случуваат секогаш по следниот, концизен редослед.

Во која фаза е вашата врска?

Занес

Фаза која е толку прекрасна и е толку тешко да ѝ се одолее. Хормоните и логиката многу ретко се совпаѓаат, па затоа во оваа фаза очекуваме другата страна да се јавува секој час, губиме апетит и многу други работи.

Слетување

Фаза која обично го прати занесот и која може да биде малку застрашувачка, бидејќи работите ги гледаме појасно. Фаза која може да биде и горчлива и слатка, посипана со рози или трње. Фазата во која забележувате дека личноста во која сте заљубени не е совршена, но ви одговара токму онаква каква што е.

Функционирање

Оваа фаза настанува кога сите работи што треба да ги правите или ги правите директно влијаат на вашата врска. Разговорите се главно за работи како што се домаќинството, проблемите на работа или комуникацијата со роднините. Оваа фаза во никој случај не е лоша, бидејќи покажува дека врската е реална и дека секојдневно сте свесни за нејзиното постоење.

Преобликување

Во оваа фаза, всушност, сфаќате каква е вашата врска. Станувате свесни за неговите маани, но и за силните страни. Може да се каже дека оваа фаза е и еден вид будење, бидејќи сфаќате дека вашата врска е света и важна за вас, без разлика што другите кажале или мислеле.

Љубов

На крајот, се се сведува на оваа последна фаза, нели? Фаза во која се чувствувате благословени, среќни и блажени. Може да има и проблеми во неа, но тие се спорадични и ги решавате во движење. Свесни сте дека сте со личноста за која најмногу се грижите на светот и не би ја замениле за сите земни богатства. Фазата на вистинска љубов почнува да цвета некаде околу петтата година од врската; останатото е ротација (некогаш брзо, а понекогаш бавно) на другите фази.

Слични содржини