Пет германски полицајци обвинети за смртта на тинејџер од Сенегал

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Обвинителството во Германија денеска соопшти дека пет полицајци се обвинети за смртта на тинејџерот од Сенегал кој беше убиен минатата година.

Германската новинска агенција ДПА јави дека полицаецот кој ги испукал истрелите е обвинет за убиство од небрежност, додека неговиот претпоставен е обвинет за поттикнување опасна телесна повреда, а тројца други полицајци се обвинети за опасна телесна повреда, пренесе АП.

На 8 август 2022 година, полицијата била повикана по инцидент во дом за згрижување во западниот град Дортмунд, бидејќи 16-годишен бегалец, наводно, се заканил дека ќе се повреди со нож.

Слични содржини