302
Веќе пет години актерот Том Круз нема контакт со ќерката Сури, која ја доби во бракот со актерката Кејти Холмс.
Наводно, скиентолошката црква го оддалечила од девојчето, бидејќи го гледала како потенцијален проблем. Поранешната сопруга на Круз е противничка на оваа црква и по разводот ја изолирала од таму и ќерката.
Актерот пет години не бил во контакт со Сури, но откако во медиумите се појавиле фотографии од неа, сфатил дека му недостига, па изразил желба да ја види и да го обнови контактот со неа.
Според извор на актерот, за магазинот „Ин тач“, тој дури е и спремен да ја напушти скиентолошката црква, ако тоа е потребно за повторно да биде близок со својата ќерка, Сури Круз, која денеска има 13 години.