Пет години од „крвавиот четврток“: Само вистинско покајание, срамно извинение и целосно морално дистанцирање може да го направи овој датум „поприфатлив“

од Берта Китинска

Денеска се навршуваат пет години од „крвавиот четврток“, за аналитичарите овој датум ќе биде запомнет по обидот да се сруши демократскиот поредок на државата, и негово претварање во една авторитарна и недемократска земја.

Според политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски „африканските“ сликите од упадот во Собранието кои го обиколија светот се срам за една европска земја.

-Како последен обид на очајниот деспот да ја предаде децениската власт на новоформираното парламентарно мнозинство. Одлика на еден монструозен ум, кој во своето авторитарно владеење, забега до крајните граници да смета дека е,, вечен крал”. План кој можеби, доколку не беше реакцијата на меѓународната заедница (официјална, но многу повеќе и неофицијална), Македонија ќе завршеше во граѓански судири и етнички немири, со прогласена вонредна состојба, односно легитимација на целосната и отворена диктатура. Крах на македонската парламентарна демократија, африкански слики кои го обиколија светот, срам за европска земја, уште повеќе претендент за членство во НАТО И ЕУ, појаснува Атанасовски.

Тој смета дека настаните од,, 27 април”, уште повеќе го поделиле и раздвоија етничкото македонско ткиво поради различната перцепција што се случиле ,,таа ноќ“.

-Многу пати сум ги истакнал моите ставови, особено околу Преспанскиот договор, дека воопшто не сум среќен со промената на името особено за внатрешна употреба, но го гледам како нужно зло, со кое се затвори истоштувачкиот,, проблем” со името, и влеговме во најмоќната воено-безбедносна алијанса во светот, која ќе ни го гарантира внатрешниот територијален интегритет и суверенитет. Прашањето за непринципиелноста на ЕУ и покрај договорите со јужниот и источниот сосед, е прашање за посебна темелна елаборација, подвелкува аналитичарот.

Атанасовски е на мислење дека најдебелиот,, стап “, народски кажано го,, изедоа”, кутрите подведени партиски послушници, кои спореед него сега (не) заслужено „гнијат“ по затворите.

-Монструмите, психосоматските болни умови кои се режисери, сценаристи, наредбодавци и креатори на најсрамниот и најгрозниот ден од кусата повеќепартиска македонска демократија или добија условни казни, или беа изземени од обвиненија ради,, дил со власта” или уживаат како азиланти на бреговите на Дунав, јадејќи гулаш три пати на ден, смета тој.

За тоа дали смета дека општеството има потреба од објективно согледување на настаните за да се случи помирување и никогаш да не се повтори слично нешто, Атанасовски вели дека објективно согледување е извинување на агресорите врз луѓето кои беа нападнати таа вечер во македонскиот законодавен дом.

-Лидерот на албанската опозиција беше монструозно претепан и газен до смрт (среќа преживеа, за денеска да е во коалиција со партијата чии идолопоклоници го газеа, толчеа и дробеа до смрт). Само вистинско покајание, срамно извинение и целосно морално дистанцирање може да го направи овој датум,, поприфатлив”, иако никогаш нема да се избрише од колективната македонска меморија. Такво нешто барем засега не гледам, коментира аналитичарот.

За тоа дали овој ден ќе остане „камен околу вратот“ на најголемата партија во земјава, аналитичарот смета дека не само што е,, камен на сопнување “, туку е и реториката на ,,уставобрснители”, бидејќи ако не ги бранат,, бранителите”, ќе го изгубат најтврдото гласачко тело.

-Што се однесува до коалицискиот потенцијал со албанските политички партии и тука гледаме дека немаат проблем (Села е жив и здрав и во коалиција со нив), што се однесува до меѓународната заедница, таа е толку,, зафатена” со воената агресија во Украина, што дали и денеска би се сетила на овие,, настани”. Така што опозицијата е фактички,, испрана”од крвавиот четврток, а што се однесува до морално перење, прво треба да имате морал, за да го,, перете” потоа, смета Атанасовски.

Според него повикот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на денешен ден да се излезе на протест за ослободување на „уставобранителите“, може да се објасни како менталитетен геном на партијата „втиснат кодот на тоа дека тие се, единствените бранители на Македонија “.

-Уште од времето на нивниот најпознат лидер низ историјата Иван Михајлов. Едноставно, тие и да ја крадат, корумпираат, заробат, уништат, втурнат во војна Македонија, ќе убедуваат дека прават се, гинат и најмногу ја љубат Македонија. И навистина веруваат во тоа, не само што ја убедуваат јавноста дека е така. Сепак станува збор за една психопатолошка матрица, за која не сум стручен да ја објаснам. Конзилиум од стручни лица во психијатријата се покомпетентни од мене, појаснува аналитичарот.

За Бесим Небиу настаните на 27-ми април се обид за рушење на демократскиот поредок на државата, и негово претварање во една авторитарна и недемократска земја.

-На 27 април 2017 година се случи нешто што не се случило во ниту една друга земја која се смета себеси за европска. Имаше обид, парлементарно мнозинство кое се обидуваше да конституира власт, врз основа на изборни резултати, да биде спречен во тоа. Ако парлементарно мнозинство не може да конструира власт, во една држава нема ни Д од демократија. Македонија сеуште нема доволно рефлектирано за тоа што беше спрречено тој ден. Всушност, тоа што се случи е обид за рушење на демократскиот поредок на државата, и негово претварање во една авторитарна и недемократска земја, вели аналитичарот.

Небиу не се согласува дека сите инволвирани во настаните добиле соодветни казни.

-Таков впечаток се добива кај голем дел од јавноста – но сепак мора да потсетиме дека дел од главните актери добија и судски казни. Дали е тоа доволно сеопфатно, и дали судските казни се соодветно на обидот за рушење на демократскиот поредок – секако дека не се!, појаснува тој.

Според него општеството треба посуштински да го аспорбира и рефлектир настанот на 27-ми април.

-И тоа не треба да го направи од навивачки, клановски, кампањски или дневнополитички позиции – туку со доза на објаективност и темелност. Таквите дебати отсекогаш биле тешки за нас, вели Небиу.

Локалните избори и анкетите покажаа дека Власта ја има изгубено значително подршка на дел од нивните подржувачи, коментира аналитичарот додавајќи дека и опозицијата не успева да ги убеди непартиските и независнта јавност дека е поразлична од партијата која во 2017 изврши обид за рушење на демократскиот поредок на државата.

-Се чини стратегијата на избегнување на соочување со минатото е неуспешна сттратегија – ДПМНЕ владеше 11 годиниа и премалку време има поминато за јавноста да заборави или прости за минатите гревови, смета Небиу додавајќи
повикот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на денешен ден да се излезе на протест за ослободување на „уставобранителите“, предизивикало уште поголема поларизација.

-Мислам дека ќе произведе уште поголема поларизација и е контрапродуктивно за самата ВМРО да ги слави учесниците на настаните од 27 април, вели тој.

Б.М.

Слични содржини