Пет години затвор за руска лекарка бидејќи при преглед го критикувала нападот врз Украина

од Nikola Popovski
65 прегледи

Рускиот суд осуди на пет години затвор лекарка педијатар од Москва кој била обвинет од мајка на еден од нејзините пациенти дека го критикувала рускиот напад врз Украина при преглед.

Московскиот суд Тушино ја прогласи за виновна Надежда Бујанова, 68-годишна лекарка, изјави судијката Олга Федина, пренесе новинарка на агенцијата Франс прес присутна во судницата.

Поддржувачите на лекарката извикуваа „срамота“ при читањето на пресудата. Неколку моменти пред тоа, Надежда Бујанова го осудила судењето како „апсурдно“.

Еден од нејзините адвокати ја критикувала „строгата и незаконска“ казна и рекол дека не се обезбедени докази.

Тамошното обвинителство побарало шест години затвор, а одбраната ослободување. Бујанова пред судот се изјаснила за невина.

Овој случај е илустрација на безмилосната репресија на критичките гласови, реални или претпоставени, според големата офанзива на руската армија против Украина, која ја нареди Владимир Путин во февруари 2022 година, пишува агенцијата Франс прес.

Апсењата за „шпионажа“, „предавство“, „саботажа“, „екстремизам“ или за едноставно критикување на војската се сè почести, а доаѓаат со тешки затворски казни за обвинетите кои често се жртви на дојави.

За Надежда Бујанова се започнало на 31 јануари кога ја пријавила 34-годишната партнерка на војник кој исчезнал на фронтот во Украина. Мајката на седумгодишно момче што го лекувака Бујанова ја обвинила дека за време на приватен разговор и кажала дека нејзиниот сопруг, кој исчезнал во Украина, е „легитимна цел“ на украинските вооружени сили и дека Русија е „земја агресор која ги напаѓа украинските цивили“.

Бујанова ја демантирала верзијата и ја опишала жената како нестабилна личност која ја напуштила нејзината ординација „нервозна и незадоволна“.

По тие обвинувања докторката веднаш добила отказ, а имала само десет минути да си ги собере работите и да ја напушти болницата во која работела четири години.

Таа потоа била обвинета во февруари, а во април риведена за „ширење лажни информации“ за руската војска, наводно мотивирана од „етничка омраза“.

Бујанова живее во Русија 30 години, но е родена во Лвов, град во западна Украина, кој се смета за упориште на украинскиот национализам во Русија.

„Каква омраза можам да почувствувам. Поврзана сум за три словенски народи – Руси, Белоруси и Украинци“, рекла таа пред судот минатата недела и се расплакала.

Нејзините колеги покренале онлајн петиција за поддршка на нејзината колешка. Судот во Москва ја укинал одлуката за нејзино разрешување, но тоа немало ефект врз кривичното гонење.

Слични содржини