
Пет групи во Европскиот парламент побараа да се одржат нови избори во Белорусија во присуство на меѓународни набудувачи. Тие се однесуваат на „веродостојни извештаи“ според кои резултатите од изборите биле фалсификувани, а победник е опозициската кандидатка Светлана Тихановскаја, која после изборите се засолни во Литванија.
Шефовите на парламентарните клубови на конзервативците, социјалдемократите, либералите, зелените и европските конзервативци и реформисти пренесуваат дека „не ги признаваат“ резултатите од претседателските избори на кои победи Александар Лукашенко.
Петте парламентарни групи ги осудуваат „апсењата и застрашувачкото насилство и тортура чии жртви се мирни демонстранти“.
Тие бараат „сеопфатна истрага за овие злосторства“ и „итно ослободување“ на сите уапсени демонстранти, претставници или поддржувачи на опозицијата.