Пет италијански градови „покуси“ за девет милијарди евра од туризам

од Stefanija Kuzmanovska

Рим, Венеција, Фиренца, Торино и Милано, коишто заедно сочинуваат повеќе од една третина од италијанскиот туризам, оваа година поради пандемијата, ќе останат без скоро 34 милиони странски туристи.

Тоа би значело загуба од девет милијарди евра, од коишто скоро пет милијарди отпаѓаат на сместување, угостителски и други услуги, наведуваат од здружението Confesercenti.

Венеција, којашто до пред пандемијата се соочуваше со проблеми поради огромниот број на туристи, сега ги пребројува загубите што би биле околу три милијарди евра и 13,2 милиони помалку гости.

Главниот град на Италија оваа година би бил пократок за околу 2,3 милијарди евра и 10 милиони странски туристи, а по него следува Фиренца којашто поради пандемијата ќе загуби 1,2 милијарди евра колку што трошат странските туристи во овој град.

Милано оваа година ќе остане без четири милиони странски туристи, а загубата се проценува на околу 900 милиони евра, додека кај Торино таа загуба е 100 милиони евра пониска.

Сега Италија не може да очекува раст на бројките во туризмот, но единствено може да се надева на домашните туристи кои преферираат помали крајбрежни места, села и планини.

Слични содржини