Пет лесни навики за подобра меморија и здравје на мозокот

од Stefanija Kuzmanovska

Памтењето е ментална активност со која се потсетуваме на информации кои веќе сме ги доживеале или научиле во минатото.

Тоа е сложен систем заснован на многу мозочни процеси и е клучен дел од нашите животи. Затоа е многу важно здравјето на нашиот мозок и работата на тоа како да ја подобриме меморијата. Неколку едноставни техники и навики можат да ни помогнат во тоа:

1. Внимателно избирајте ја храната 
Храната богата со незаситени масни киселини, витамини Ц, А, Е и Д, како и минерали и влакна треба да бидат дел од секојдневното мени.

Почесто внесувајте храна како риба, кромид, темен зеленчук и бобинки. Препорачливо е да се избегнува прекумерно внесување храна со висок процент на рафиниран шеќер и да се намали внесот на алкохол.

2. Користете омега-3 додатоци
Омега-3 масните киселини се важни за когнитивните функции и подобрување на меморијата, особено EPA и DHA, а тоа се омега-3 масните киселини кои првенствено се наоѓаат во рибите и алгите.

Се покажа дека консумирањето на соодветни количини на омега-3 помага за когнитивното здравје, како и дека особено DHA (со или без EPA) ја подобрува работната меморија, ја зајакнува општата невропротекција, го зголемува протокот на крв во мозокот и многу повеќе.

3. Бидете активни и вежбајте
Вежбањето е лек за телото и мозокот. Истражувањата покажаа дека физичката активност ја зголемува белата и сивата материја во мозокот. Сивата материја е одговорна за повеќето процеси кои се случуваат во мозокот, додека белата е повеќе вклучена во комуникацијата во мозокот и помеѓу мозокот и ‘рбетниот мозок, а сето тоа е важно за функцијата на меморијата.

Физичката активност го зголемува нивото на кислород во мозокот и го намалува ризикот од болести кои можат да доведат до губење на меморијата, дијабетес и кардиоваскуларни болести.

4. Релаксација
Опуштањето со лесни прошетки во природа ја подобрува функцијата на мозокот. Покрај тоа, ја зголемува сивата материја во мозокот и помага за подобрување на меморијата и учењето.

5. Не заборавајте на сонот
Доволното спиење е клучно за учење и одржување на добра меморија. Кога спиеме се зголемува нашата креативност и концентрација, што поволно влијае и на меморијата. Препорачливо е да се придржуваме до распоредот за спиење така што секој ден стануваме и легнуваме во исто време, дури и за викенди и празници, пишува Mind Body Green.

Слични содржини