Пет лица, меѓу кои и еден тинејџер, направиле инцидент во Аеродром: Еден од нив нападнал полицаец

од Илинка Илиоска
19 прегледи

Денеска во 1.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во еден часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини