Пет лица полесно повредени во сообраќајки во Скопје

од Vladimir Zorba
70 прегледи

  Пет лица биле полесно повредени во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач за неправилно престигнување.

Од сообраќај биле исклучени 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и четири возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 83 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 78 возила.