Се чини дека една од најубавите жени на светот, супермоделот Irina Shayk, не тагувала многу по раскинувањето со Bradley Cooper. Само пет месеци по прекинот со холивудскиот шармер, Ирина беше уловена со нов маж на една забава по доделувањата на наградите за најдобар иноватор во Њујорк.
Манекенката не ја симнувала насмевката од своето лице поради познатиот италјанец Riccardo Tiscija со кој цела вечер се држеле за раце. Ирина не се ни потрудила да ја сокрие својата среќа, па се чини дека со новиот партнер подготвено позирала пред фоторепортерите.
Инаку во јуни оваа година Shayk ја прекина четиригодишната врска со Cooper со кој ја има ќеркичката Leu De Seine. Нивниот прекин шокираше многумина, а точната причина никогаш не ја наведоа. Се претпоставуваше дека за љубовниот крах е виновна Lady Gaga со која Бредли работел на филмот „Ѕвездата е родена“.