Пет милиони фунти е клаузулата за ослободување на Мурињо во договорот со Фенербахче

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Вулверхемптон Вондерерс, кој се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата, е подготвен да плати 5 милиони фунти за да ја врати тренерската легенда Жозе Мурињо на Островот. Веста прво ја пренесоа шпанските весници „Марка“ и „АС“, а потоа ја „размножија“ голем број англиски медиуми.

„Волците“, како што го нарекуваат тимот во Англија, се на претпоследното 19. место со 9 бодови, 5 помалку од лидерот во зоната за испаѓање, Лестер Сити. Раководството на „волците“ се надеваше дека ќе дојде до победа минатиот викенд во Ипсвич, уште една екипа која е загрозена од испаѓање, но наместо тоа, тие претрпеа пораз од 2-1, што ја влоши нивната ситуација.

Мурињо дојде во Фенербахче ова лето и е под договор до 2026 година, па затоа ќе биде потребна значителна компензација за негово ослободување. Worldsoccertalk.com тврди дека Вулверхемптон се заинтересирани да го ангажираат Мурињо што е можно побрзо. Од турскиот клуб во моментов нема одговор, а не е јасно ни дали е остварен контакт со нив.

Фенербахче играше прилично лошо во еден момент од сезоната, но по четири победи во последните пет натпревари сега има 35 бода и заостанува 3 зад лидерот Галатасарај по 15 кола.

Мурињо – еден од најуспешните тренери во фудбалот во 21 век, водел три клуба во Англија – Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, а со „сините“ од Лондон има три шампионски титули.

Слични содржини