Петмина од старата анти-корупциска “дружина” си заминуваат- ни афера решија, ни корупција најдоа…

од desk3
116 прегледи

Антикорупциската комисија ќе има пет нови членови од вкупно седумте, доколку на наредната собраниска седница пратениците ги прифатат имињата коишто вчера ги предложи Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

8CB4FBFF-552D-4430-93B8-663AF5E6D0EA_mw1024_s_n

Најверојатно изборот на новите членови ќе се случи во вторник на 14 април.

Во комисијата ќе ги нема актуелниот претседател Ѓорѓи Сламков, Мирјана Димовска, Љубинка Корабоска, Љубинка Муратовска- Маркова, Зоран Додевски. Остануваат само досегашните членови од албанска националност, Сејди Халили и Фарије Алиу.

Како сосема нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата се предложени Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, доктор на економски науки од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова Аџикотарева, магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, магистер по деловно право од Прилеп.

Од Транспарентност Македонија за Тв Телма изјавија дека Комисијата не си ја исполнила фунлцијата.

“Комисијата го преспа мандатот, ги премолчи сите афери, остана анонимна, нетранспарентна, маргинализрана и обезличена” -изјави  Ана Јаневска Делева.