Бургерот е класика на брза храна, но на некои места е подигната на нивоа на вистински гурмански специјалитети.
Биг Мек е веројатно најпопуларниот бургер во светот, но тие се служат и во фенси ресторани, на милион различни начини, со специјални додатоци и тајни состојки.
Ви претставуваме пет хамбургери од листата на најдобри.
Fleur (Лас Вегас)
Fleur одамна има репутација на најскапото парче мелено месо во светот. Чини 5.000 долари и се состои од најдоброто кобе говедско месо, гускин џигер (foie gras) и многу тартуфи.
Au Cheval (Чикаго)
The Burger Guide го прогласи Au Cheval за најдобар во светот. „Овие бургери се карактеризираат со мекост и сочност на говедското месо, што, во комбинација со стопено сирење, јајца, сланина и други додатоци, создаваат богато, хаотично и сосема поинакво искуство“, се вели во прегледот
The Butchers Club Burger (Хонг Конг)
Звучи чудно што еден од најдобрите бургери се произведува во Азија, но велат дека The Butchers Club Burger ги крши сите предрасуди. Направен е од говедско месо Ангус со сланина, чедар, карамелизиран кромид и сос.
Roast (Лондон)
Целата фенси вечера спакувана во еден бургер: печено говедско месо, кељ, црвена зелка, морков, прелив од ротквица и стопен чедар кашкавал. Сето тоа доаѓа во земичка зачинета со рузмарин и лук.
Emmy (Њујорк)
Emmy бургерот е единствен од менито на ресторанот „ Emily“ и се наоѓа на врвот на листата на најдобри бургери на веб-страницата „Burgerdudes“. Се прави од говедско месо сушено 30 дена, пецивото е слатко и малку испечено, а споредните јадења вклучуваат чедар, карамелизиран кромид, кисели краставички и специјален сос Emmy. Чини 26 долари и се сервира со помфрит.