Не, тие не се служат со некои посебни трикови, туку само добро овладеале со техниката на конуникација.
Велат дека најважна одлика на луѓето кои секогаш го добиваат она што го сакаат е влијанието на другите луѓе. Покрај тоа, тие имаат уште развиени способности кои ги водат до успех
Еве за што станува збор
- Прашуваат и притоа се многу одредени
Тие не се стегаат директно да кажат што сакаат , и тоа го прават на одличен начин. За ова ќе ви биде потребно многу самодоверба, но ако често го правите тоа, навиката ќе ви стане поприродна.
- Внимателно ги бираат зборовите
Бирањето зборови е многу важна техника во секојдневната комуникација, а нејзиното унапредување можете да го почувствувате во сите аспекти на животот. Тоа е особено важно кога сакате другите да го прифатат вашиот предлог, па би требало да ги избегнувате работите кои би можеле да звучат навредливо, или како напад.
- Активно ги слушаат другите
Можеби ќе помислите дека сите слушаме, но бидете сигурни дека не го правиме тоа активно. Повеќето всушност го чека својот ред за да каже нешто. Тоа е многу лошо, бидејќи ако внимателно не го следите разговорот, може да ви избега некоја битна информација која би можела да ви биде од корист.
- Бараат помош
Понекогаш не е лошо да се побара помош од другите луѓе. Тоа нема да ве направи слаби, туку човек. А само малата помош, може да ве одведе до целта.
- Односите со другите луѓе им се приоритет
Изолацијата од други луѓе , од колеги и директори, до познаници, не е добра, а тоа можете да го почувствувате кога ќе сакате да истуркате некој свој план или идеја.
Доколку сте по природа воздржани и прилагодувањето кон поголемите групи не ви паѓа на памет, наједноставен начин да се вклопите е да поставувате прашања и да покажете интерес за другите луѓе.
С.В.