Пет нови кривични пријави за обвинителите на Јанева , Рот ја брани…

од desk3
110 прегледи

Нови пет кривични пријави се поднесени против обвинители во Специјалното јавно обвинителство со кое раководи Катица Јанева. “Пријавите се поднесени од физички лица поради малтретирање во вршење на службена должност”- информираа од јавното обвинителство под раководтсво на Зврлевски.

katica janeva

Во изминатите деноив беа поднесени две кривични пријави со што вкупната бројка на поднесени пројави сега е седум, а се однесуваат на тројца соработници од обвинителството на Катица Јанева.

Денеска пак германксиот министер Михаел Рот посочи дека Јанева била неколку пати попречувана во својата работа.
„Работата на Специјалното јавно обвинителство е неколкупати попречувана, реформите во медиумите не ни започнаа, а чистењето на избирачкиот список требаше да започне уште пред неколку месеци. Не функционира како што треба ниту парламентарната анкетна комисија, парламентарните тела кои требаше да работат на контрола на работата на службата за разузнавање и скандалот со прислушувањето. Не започнаа со важната работа која требаше да ја завршат“, предупреди Рот.