Пет пациенти од Шпанија и Грција се враќаат во Македонија

од Nikola Popovski
34 прегледи

Моментално вкупно во државата се лекуваат само 23 пациенти од пожарот во кочанската дискотека. На Клиничкиот центар има четири пациенти, во старата Градска болница се шест, во „8 Септември“ се 9, а во приватната болница „Систина“ се четири пациенти. Сите се стабилни и во добра состојба.

Од странство има добри вести – неколку пациенти се враќаат назад во Македонија. Вчера еден се врати од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Остануваме со 113 пациенти кои се надвор од државата.

Денеска се враќаат пет пациенти – четири од Шпанија и еден од Грција. Сите тие првите 24 часа ќе бидат сместени во дел од клиниките во земјава каде што ќе бидат под надзор.

-Минимум 24 часа остануваат. Доколку лекарскиот конзилиум констатира дека треба подолго, ќе продолжат со лекување. Повеќето се со изгореници. Нема други повредени, барем по тоа што добиваме информации. Сите се со изгореници, кажа денеска министерот за здравство, Арбен Таравари на редовниот пресек со информации за повредените граѓани.

Тој додаде дека четири пациенти во странство продолжуваат да бидат во критична и тешка состојба. Истакна дека флуктуираат состојбите.

Слични содржини