Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма

од Берта Китинска

Пет пациенти од коронавирус се излекувани со крвна плазма. На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека во време кога  се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити.

-Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот, вели Филипче.

Слични содржини