Пет пијалоци со кои никогаш не треба да земате лекови

од Stefanija Kuzmanovska

Ако пиете лекови против болки или други таблети, можеби сте заборавиле дека има некои пијалаци со кои никогаш не треба да ги пиете.

Сите лекови доаѓаат со упатства што треба да ги прочитаме. Тие го наведуваат најдобриот начин за земање на лекот, како и совети дали да се пијат на празен стомак или со храна.

Генерално, упатството наведува дека лекот треба да се пие со вода и повеќето тоа и ќе го направат, но често се случува да се посегне и по првото нешто што ќе ни дојде при рака.

Но, експертите велат дека постојат пет пијалоци кои треба да ги избегнуваме со лекови.

Тоа е затоа што овие пијалоци може да го зголемат времето на распаѓање на лекот, што би можело да значи дека лекот ќе почне да се „топи“ пред телото да успее да го апсорбира правилно.

Студија објавена во Саудискиот фармацевтски журнал ги разгледа ефектите од земање на голем број лекови против болки и апчиња за алергија со популарни пијалоци. Заклучокот е јасен: „Тестираните пијалоци не треба да се користат како замена за вода при земање лекови“.

Кафе

Експерти земале две шолји кафе. Едната загреана на 41 степени Целзиусови, а другата на 100.

Веќе е познато дека кафето и кофеинот во него потенцијално можат да предизвикаат проблеми со лековите. Но, наодите од оваа студија сугерираат дека топлите пијалоци, како што е кафето, можат да влијаат на времето на распаѓање на лекот. Ова значи дека можеби нема да ја добиете вистинската количина на лек која ви е потребна.

Сок од портокал

Студијата покажа дека сокот од портокал може да има ефект врз ослободувањето на лекот. Затоа, најдобро е лекот да се пие со вода, а дневната доза на витамин Ц во вид на сок од портокал во некое друго време.

Газирани пијалоци

Утврдено е дека газираните пијалоци влијаат на времето на распаѓање на повеќето тестирани лекови. Единствено на кое не делуваше било лекот за лекување на симптоми на алергија, велат експертите.

Енергетски пијалоци

Научниците открија дека енергетските пијалоци го забрзуваат времето на разградување на лекот и нивното влегување во крвниот систем.

Млечни производи

Иако ретко се пие овој пијалок, се сугерира дека млечните производи воопшто не одат добро со лековите.

„Пациентите треба да се советуваат да избегнуваат конзумирање на пијалоци освен вода со терапија. Неопходно е да се зголеми свеста на луѓето за интеракцијата помеѓу лековите и пијалоците“, заклучува студијата.

Слични содржини