
Што мислите за врските со помлад? Речиси нема жена која немала флерт или врска со таков маж. Некои дами дури се решаваат да склучат брак и покарј разликата во годините и во тоа не ги запира никој.
Кои се предностите на брак со помлад маж, видете во следните редови.
Тие се поиздржливи и енергични
Се разбира дека првото нешто за што ќе се сетите се искуствата во спалната соба. Но енергичноста на помладиот маж не се сведува само на сексот. Младите мажи се одлични татковци, бидејќи имаат енергијата да си играат со децата, да ви помогне во ноќните оброци и се останато. Некои дами би се потсмеваат на идејата за брак со помлад маж, бидејќи тој можеби нема да владее сите техники потребни за додворување, можеби ќе му недостасува џентлменствоо, стилот во сексот. Но сето тоа се работи кои би можеле да бидат искоренети, а помладите мажи дефинитивно сакаат и зсе аинтересирани.
Нивните очекувања се различни
“Тие се многу помалку склони да имаат традиционални очекувања за тоа што жените не треба да прават”, вели Џенифер на 37 години во брак со помлад маж. Точно е. Ако се запознаете со маж кој е со 10 години помлад од вас, тој веројатно е израснат во свет кој е многу различен од оној во кој израснал маж на 40 и повеќе години. Веројатно видел дека неговата мајка работи полно работно време, знае дека современата жена одвојува големо значење на кариерата. Освен тоа бракот со помлад маж може да им овозможи и на двајцата да развијат кариера, поддржувајќи се еден со друг.
Тие се забавни
“Младите мажи се игриви и забавни”, вели Линдзи. За да биде еден брак среќен, партнерите во него освен за сè друго, треба да најдат време за забава, смеа, шеги. Се разбира, дека постарите мажи исто се шеговите, забавни се, но за еден помлад маж е повеќе важно да е забавен, да е сакан.
Тие се поголеми оптимисти
Помладите луѓе во целина се оптимисти и веруваат дека работите можат да претрпат промени, да се подобрат, да ги постигнат своите цели. Со возраста губиме по малку од таа надеж. И замислете што би се добило ако вашиот сопруг е помлад од вас и го собере вашиот прагматизам со неговите парчиња оптимизам. Нешто како рецепт за совршен торта.
Тие ве потсетуватм да го одложите темпото
Младите мажи не мислат за својот живот во далечна иднина. Тоа не значи дека немаат планови, идеи, дека не се амбициозни. Но за нив е важно да се направи поголемиот дел од сегашноста. Покрај тоа врска со помлад маж може да Ве потсети да го одложите малку темпото, да уживате во моменти, да ги оцените, да собирате спомени.