Пет причини кои можат да влијаат на квалитетот на вашиот сон

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку заспивањето ви претставува потешкотија секоја вечер и чувствувате притисок и нервоза околу тоа, проверете дали можеби една од овие причини е предизвикувач на вашиот проблем.

1. Внес на алкохол

Иако многу луѓе уживаат чаша вино после работа, многу малку од нив знаат дека внесот на алкохол може значително да влијае на квалитетот на сонот, и тоа не на добар начин. Иако консумирањето алкохол ви помага да заспиете побрзо, често може да го наруши вашиот сон во втората половина на ноќта. Без разлика дали го прифаќате тоа или не, слабиот квалитет на сонот полека му штети на вашето здравје. Ако прескокнете чаша вино или пиво со вечерата, ќе забележите голема разлика во сонот.

2. Несоодветна постелнина

Секој знае дека лошиот душек може штетно да влијае на квалитетот на вашиот сон и општата здравствена состојба, но дали знаевте дека одредени ткаенини за постелнина, исто така, можат негативно да влијаат на вашиот сон?

Изберете постелнина од природни влакна, како памук или волна. Памукот е мек, тенок, лесен за одржување и издржлив, а во зима, волнените ќебиња се идеални. Без оглед на сезоната, избегнувајте синтетички полиестер или најлонски постелнини.

3. Апнеа

Апнеата или краткотрајното прекинување на дишењето е една од водечките медицински причини за слаб сон. Луѓето со ова нарушување имаат неколку прекини во дишењето во текот на една ноќ. Луѓето со апнеа обично гласно хрчат, се чувствуваат уморни после лесен сон и честопати имаат главоболка. Ако мислите дека имате слични проблеми, веднаш побарајте лекарска помош.

4. Внес на кофеин

Внесувањето на кофеин е уште една честа причина за прекин на сонот. Исто така, кофеинот го стимулира мозокот, што ви помага да останете будни и фокусирани. Затоа, потрудете се да не земате кофеин пред спиење. После ручекот треба да ја испиете последната шолја кафе, така што целосно да се изгуби ефектот до спиење.

5. Вашите секојдневни грижи

Стресот негативно влијае на секој аспект од вашиот живот повеќе отколку што можете дури и да замислите, а тоа често започнува со слаб квалитет на сонот. Ако имате грижи секој пат кога главата ќе ја допре перницата, обидете се да го решите тоа со некои природни лекови, како што е лавандата.

 

Слични содржини