
Пред година дена Емануел Макрон беше министер во кабинетот на еден од најнепопуларните претседатели во историјата. Сега, на едвај 39 години, победи на изборите за шеф на државата, разбивајќи ги прво традиционалните леви и десни, а потоа – крајните евроскептици.
Би-Би-Си презентира пет причини за успехот за Макрон.
Извади среќа
Нема спор – тој стигна до победата на крилјата на судбината. Јавен скандал го урна првиот фаворит, конзервативецот Франсоа Фијон, а социјалистот Беноа Амон, кој на почеток беше аутсајдер, во текот на кампањата изгуби многу од левичарските гласачи.
Беше информиран
Макрон можеше да се обиде да ја освои номинацијата на социјалистите, но сфати дека досегашното управување и нискиот рејтинг ќе биде товар за него и за партијата. Наместо тоа, тој побара можност која никој друг не ја беше видел.
Инспириран од политичките движења во Европа – “Подемос” во Шпанија, Движење “Пет ѕвезди” во Италија, тој погоди дека Франција нема таква сила.
Проба нешто ново
Врз основа на “Напред!” (En Marche!), тој научи од народното движење на Барак Обама во 2008 година. Првото што направи беше да ги мобилизира ентузијастите, но неискусни активисти околу себе и да ги испрати како волонтери во населби кои се рефлектираат на демографската структура на Франција. Разговорите со локалните луѓе беа анализирани, така што да ги обликуваа приоритетите на кампањата.
Имаше позитивна порака
Фигурата на Макрон изгледаше изградена од противречности. “Новодојденците” го протежирааа претходниот претседател Франсоа Оланд и министер за економија; поранешниот инвестициски банкар кој раководеше со народно движење; центристот, но со радикалната програма за намалување на јавниот сектор.
Тој, сепак, успеа да ја грабне поддршката на луѓето очајно бараат ново лице. Успеа да ги убеди дека е млад, енергичен и ќе им даде можности.
Се бореше со Марин Ле Пен
До него таа изгледаше негативна – против имиграцијата, против ЕУ, против системот. Додека кампањите на Макрон беа шарени и озвучени со поп музика, на средбите на Ле Пен имаше демонстранти, полициска заштита, темни бои и луто расположение.
Дебатата во средата, исто така беше агресивна и двете страни разменија многу навреди. Тој ја нарече “голема свештеничка на стравот” и потсети за екстремистичките идеи на нејзиниот татко. Таа него – социјалистичка марионета, инструмент на глобалните финансии, потчинет на Ангела Меркел.
Кампањата на Марин Ле Пен беше ефикасна, но поддршката за неа паѓаше со месеци. Многу луѓе го препознаа Макрон како човек кој може да ја запре.