Пет придобивки за нашето здравје од лубеницата

од Stefanija Kuzmanovska
557 прегледи

Еден од сигурните знаци дека летото доаѓа наскоро, покрај долгите и топли денови, се и лубениците. Скоро сите ги обожаваме, особено кога се ладни, бидејќи се вистинско слатко освежување.

Лубениците имаат значително помалку шеќер во споредба со другите зеленчуци, а покрај тоа се богати со витамини А, Ц и Е, минерали и антиоксиданси, пишува Healthline.

Иако често велиме дека е овошје, всушност е зеленчук и припаѓа на семејството на тикви.

Поради хранливите состојки што ги содржи, има бројни придобивки за нашето здравје, кои можете да ги дознаете во продолжение.

1. Ја хидрира кожата
Не е тајна дека лубеницата содржи висока концентрација на вода, поради што делува освежувачки на организмот. Покрај тоа, витамините Е и Ц имаат и хидрантни придобивки. Додека витаминот Е е познат по своите импресивни хидратантни својства, се покажа дека витаминот Ц истовремено ја намалува загубата на влага. Едноставно кажано, витаминот Е обезбедува влажност, додека витаминот Ц помага таа да се „заклучи“ во кожата.

2. Добар антиоксиданс
Лубеницата е добар извор на антиоксиданси, пред се витамин Ц, витамин А, бета-каротин, како и соединенија од групата каротеноиди-ликопен.

Овие моќни антиоксиданси ги неутрализираат слободните радикали, кои можат да предизвикаат бројни штетни трансформации.

3. Го стимулира варењето
Лубеницата има висока содржина на вода, а содржи и влакна. Овие хранливи материи помагаат во одржувањето на здравјето на цревата.

4. Го ублажува воспалението на мускулите
Во една студија од 2017 година, спортисти два часа пред да трчаат полумаратон испиле – едниот половина литар плацебо сок, другиот иста количина сок од лубеница со додаток на Л-цитрулин. Оние кои консумирале пијалок од лубеница пријавиле помала болка во мускулите 24-72 часа по трката.

5. Добра е за здравјето на срцето
Ликопенот, кој го содржи лубеницата може да помогне во стабилизирање на крвниот притисок. Исто така, може да го намали холестеролот и да помогне во одржувањето на нашите артерии здрави.

Слични содржини