Познато е дека не сите луѓе се хранат здраво и дека стандардните диети се полни со штетна храна во која се додаваат шеќер и масти.
Експертите препорачуваат пет намирници кои секојдневно ги користат луѓето кои живеат најдолго, пишува весникот „Eat This, Not That“.
Авокадо
Ова овошје го намалува нивото на лошиот холестерол и е богато со калиум. Утврдено е дека авокадото помага во регулирање на телесната тежина, ја намалува можноста за формирање на маснотии во телото, како и појава на дијабетес тип 2.
Грав
Гравот содржи голем број на влакна и други хранливи материи кои помагаат во борбата против болестите. На пример, јадењето грав спречува рак, кардиоваскуларни болести и дијабетес.
Лук
Овој зеленчук го намалува ризикот од развој на многу болести поврзани со стареењето, исто така е силен антиоксиданс и има антиинфламаторни својства.
Компир
Белиот компир се смета за штетен бидејќи содржи големо количество јаглехидрати. Сепак, му помага на телото да се бори против дијабетесот и го намалува крвниот притисок.
Лосос
Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои го намалуваат хроничното воспаление, ја подобруваат работата на срцето и ја намалуваат можноста за болести на срцето и крвните садови.